Хаки Азири, кој претходно беше заштитен сведок за случајот „Монструм“ се откажа од овој статус и сега е обвинет за помаѓање на тероризам. Се очекува денеска тој да даде исказ во Кривичниот суд во Скопје.
Во случајот “Монструм” Азири е обвинет за помагање на тероризам итој е единствениот кој пред истражниот судија дал информации во врска со масакрот кај Смилковското езеро.
Воедно Хаки Азири е внук на Фејзи Азири кој под концесија држел парцели кај Смилковското Езеро.
Азири рекол дека на денот на убиствата, околу 20 часот со својот автомобил ги чекал обвинетите на обиколницата кај Качанички пат. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ излегле од црвениот „Опел”, влегле во неговиот автомобил, му кажале дека извршиле убиство и му рекле да ги одведе во неговиот дом.
Обвинетиот Агим Исмаиловиќ вчера пред судот ги негираше овие информации.
Судскиот процес за “Монструм” стартуваше на 20 декември. На обвинителната клупа се Фејзи Азири, Агим Исмаиловиќ, Рами Сејди и Хаки Азири. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се обвинети за директно извршување на убиството, се во бегство и им се суди во отсуство.