Делегација на општина Гостивар на работна средба во општина Приштина

Од:

Во рамки на соработка со општини од поширокиот регион, делегација на општина Гостивар во состав: Сеадин Ејупи – шефот на кабинетот на градоначалникот, Јасин Демири – портпарол на општината и Ријат Абдулаи – надворешен советник на општината, остварија вчера работна средба во Општина Приштина.

Тие беа пречекани од г. Мухедин Нуши – директор на Управата за администрација при Општина Приштина и неговите соработници.

При посетата, делегацијата на Општина Гостивар, домаќините одблизу ги запознаа со начинот на функционирање на општинската администрација и подготвеноста за соработка и размена на искуства помеѓу двете општини, особено во поглед на зголемување на транспарентноста на општината кон граѓаните и нивен директен придонес во процесот на донесување одлуки за проблеми кои нив ги засегаат.

Ејупи, Демири и Абдулаи им ја честитаа на општинските челници втората победа, како потврда за нивната успешна работа во првиот мандат.

Директорот на Управата за администрација при општина Приштина, Мухедин Нуши, кој воедно е и заменик на градоначалникот Шпенд Ахмети, рече дека тие планираат наскоро ја посетат општина Гостивар и честитките за неговиот избор, лично да му ги изразат на градоначалникот, Арбен Таравари.

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар