Обновата на опожарените конаци на манастирот „Успение на пресвета Богородица“ – Трескавец се одвиваат според роковите иако се остава простор работите да траат уште повеќе од една година, велат од „заводот и музеј“ – Прилеп.
Според Илија Ристески, раководител на проектот за реконструкција и реставрација на опожарените конаци на манастирот Трескавец нема проблеми во текот на обновата во која се вклучени сите мерки за заштита од пожари од кои манасирот страдал трипати во текот на својата седумвековна историја.