Се формира координативно тело за борба против загадувањето

Од:

Договорено е формирање координативно тело за борба против загадувањето во кое би учествувале сите скопски општини, Град Скопје и Министерството за заштита на животна средина и просторно планирање.

Од Општина Аеродром информираат дека градоначалникот на Општината, Златко Марин, вчера остварил средба со заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули, и експерти од областа на заштита на животната средина и енергетска ефикасност на која се дискутирало за потенцијалните мерки кои би се реализирале на краток и подолг рок.

„Соработката почнува во рамките на проектот ‘Пријави загадувач’ со цел да се опфатат сите правни субјекти за кои се надлежни различни институции. Конкретно, Општина Аеродром е надлежна за правните субјекти кои се задолжени со елаборати за животна средина, за правни субјекти со Б интегрирана дозвола е надлежен Град Скопје, а за индустриски капацитети/производни погони кои поседуваат А-интегрирана дозвола е надлежно Министерството за животна средина и просторно планирање“, велат од Општина Аеродром.

Оттаму изразија надеж дека координативното тело ќе овозможи ефикасни и навремени интервенции за сите правни субјекти и дека преку оваа соработка ќе успеат да воспостават и интегрирана база на загадувачи, кои сите служби ќе можат редовно да ги следат и регулираат.

Како мерка против загадувањето Општина Аеродром воведе двосменско работење на комуналните инспектори, кои се достапни секој ден од 08:30 до 22:00, на телефонскиот број ‎075 316 515.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС