Руската амбасада преку нивниот Твитер профил одговорија на американската амбасада со предлог за прочисување на воздухот во Скопје.
Амбасадата на САД во Македонија преку нивниот „Твитер“ профил изразија загриженост поради високото ниво на загадување на воздухот во Скопје и постави прашање „Какви предлози имате вие за почист воздух во Македонија?“.
– Додека нашите пријатели од американската амбасада во Македонија бараат предлози за намалување за загаденоста, ние сакаме да предложиме решение. Турски тек, се вели во твитот на руската амбасада.
As our friends from @usembassymkd are searching for ideas for the air pollution in Macedonia we want to help with a solution. #TurkishStream pic.twitter.com/IVpN3dxSlc
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) December 14, 2017
Загадувањето во главниот град во последниве 24 часа е екстремно високо, а Скопје според загаденоста е на првото место во светот, пред Калкута во Индија и Дака во Бангладеш.