Вишеградска група: Европа не може да биде целосна без земјите од Западен Балкан

Од:

Шефот на Комитетот за надворешни работи на унгарскиот парламент, Золт Немет изјави дека четирите земји на Вишеградската група го поддржуваат проширувањето на Европската унија на Западен Балкан и зајакнување на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Тој изјави дека Западниот Балкан е приоритет по состанокот со претставниците на комитетите за надворешни работи на Чешка, Унгарија, Полска и Словачка.

– Европа не може да биде целосна, ако не и се придружат овие земји, посочи Немет.

Според него заедничката надворешна и безбедносна политика треба да биде фокусирана на заштита на надворешните граници и региони на Централна Европа.

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија