Моравјецки очекува ЕУ да започне постапка против Полска следната недела

Од:

Новиот полски премиер Матеуш Моравјецки очекува Европската комисија да започне постапка против Полска следанта недела според членот 7 од Лисабонскиот договор.

ЕУ ја покренува постапката за кршење на европските стандарди од страна на Полска, а доколку биде спроведена може да значи и губење на правото на глас на земјата во институциите на ЕУ.

– Доколку процесот е започнат, а како што разбрав одлуката за тоа веќе била донесена, тогаш следната среда Европската комисија планира да го активира членот 7. Од почетокот на оваа нефер процедура кон нас, до нејзиниот крај, ние ќе продолжиме да разговараме со нашите партнери, изјави Моравјецки.

Се уште не е активиран членот од страна на ЕУ. Тоа претставува најостра санкција што Унијата може да ја примени врз една земја-членка.

Полската влада е во отворен конфликт со претседателот на Европскиот совет, Доналд Тукс, кој е и поранешен премиер на Полска, како и со Европската комисија, каде што потпретседателот Френс Тимерманс го води процесот против Полска.

Брисел ја обвинува владејачката партија Право и правда за уназадување на независноста на судството со спроведените реформи на судскиот систем, за притисок врз медиумите како и за одбивањето да прими мигранти од другите членки на ЕУ. Критикувана беше и одлуката на Полска да ја казни проопозициската ТВН, поради нејзиното навивачко известување за време на инцидентот во полскиот Парламент.

Спречување на казнената постапка против Полска најави унгарската Влада, која што исто така во минатото се соочи со закани дека против неа може да биде покрената постапката според членот 7.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Маковец: Проширувањето на ЕУ не смее да трпи поради билатерални прашања

A1on

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна

Избегната голема несреќа во Полска, полициско возило удри во спасувачки хеликоптер на автопат

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Полска објави дека поддржува решение со две држави за Израел и Палестинците