Со сослушување на вештото лице во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за предметот на СЈО „Труст“.
На почетокот на судењето, одбраната приложи нови документи како докази кои беа прифатени од судот и од СЈО.
Обвинителите го прашаа вештакот Игор Костов дали од документите од тендерот за набавка на опрема, машини и возила се гледа дека тие се набавени.
Тој одгвори дека до 14.11.2011 година во сметководство на „Трансмет“ не се евиденторани овие машини ниту плаќања за нив. Спорно, како што рече, е тоа што фактурите се книжени, а потоа плаќани профактурите.
Во предмет „Труст“ првообвинет е бизнисменот и сопственик на телевизијата „Нова“, Сеад Кочан, а обвинети се и Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ.
На минатото рочиште вкрстено беше испрашуван вештакот Дејан Грковски. Тој рече дека побарал да направи увид во постројките на „Трансмет“ и да утврди дали соодветствуваат со постројките што биле наведени во документацијата, но можност за таков увид не добил.
Обвинетите со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра, тврди СЈО. Предметот, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста, кои треба да бидат репродуцирани во судницата.