ВИДЕО: Скопје најзагаден град во светот

Од:

Скопје пред индискиот град Калкута и Дака во Бангладеш се наоѓа на врвот на листата најзагадени градови во светот.

Просечната загаденост на главниот град на Република Македонија изнесува 374 милиграми на метар кубен што е доволно да се најде на првото поразително место на оваа листа пред Калкута со 361мг/м3 и Дака со 329мг/м3.

Концентрацијата на канцерогените ПМ10 честички денеска во Скопје изнесува шест пати над максимално дозволената граница која изнесува 50 микгорами на метар кубен. Најзагадено е во Центар – 262мг/м3, Карпош 320 мг/м3, Ректорат 323мг/м3 и Лисиче 331мг/м3.

И покрај ветувањата за преземање мерки на секоја нова власт, наместо намалување, загадувањето во главниот град и целата држава константно расте.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Апасиев: ДПМНЕ ја блокира надзорната расправа за аерозагадувањето зашто има бизнис релации со загадувачите

ОЈО Скопје нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување

(ВИДЕО) Шукова: Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик, а ДПМНЕ да спие како власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да мислеа повеќе на животната средина наместо да крадат кај ќе стигнат, ќе направеа нешто