За 23 јануари следната година е одложено судското рочиште за предметот „Шпион“, поради неприсуство на Маријан Ефремов, кој е еден од осудените во овој случај.
Судот нареди за следното судско рочиште да му се достави уредна покана на Маријан Ефремов.
Предметот „Шпион“ го презеде Специјалното јавно обвинителство.
Скопскиот Апелациски суд во октомври 2016 година делумно ги уважи жалбите на обвинетите во предметот „Шпион“ и ја преиначи првостепената пресуда на Основниот суд Скопје 1, во однос на висината на казните.
За случајот „Шпион“ беа обвинети 18 лица за злосторничко здружување, шпионажа, злоупотреба на службената положба, уцена, измама и недозволено поседување на оружје.