Во Кривичниот суд за денеска е закажано рочиште за еден од обвинетите во предметот „Шпион“, за кого Апелацискиот суд ја уважи жалбата и случајот го врати од почеток.
Предметот „Шпион“ го презеде Специјалното јавно обвинителство.
Скопскиот Апелациски суд во октомври 2016 година делумно ги уважи жалбите на обвинетите во предметот „Шпион“ и ја преиначи првостепената пресуда на Основниот суд Скопје 1, во однос на висината на казните.
За случајот „Шпион“ беа обвинети 18 лица за злосторничко здружување, шпионажа, злоупотреба на службената положба, уцена, измама и недозволено поседување на оружје.