Вечерва се одржа европската премиера на последниот филм од серијалот „Војна на ѕвездите“ насловен како „Последниот џедај“. На изненадување на сите љубители на научната фантастика, на премиерата во Лондон присуствуваа и принцовите Вилијам и Хари.
Тие се појавија во свечни одела, а беа пречекани од роботот Би-Би-8, кој што стана заштитно лица не новата трилогија.
Светските медиуми објавија дека двајцата принцови имаат и свои епизодни улоги во филмот, но сепак нема официјалн коментар од страна на Британското кралско семејство.