Денеска во Европскиот парламент беше поддржана Резолуцијата со која се бара Бугарија и Романија да станат членки на Шенген зоната. Против се изјаснија само парламентарните групи на Европските реформисти и конзервативци (ЕРЦ) и Европа на слобода и директна демократија (ЕФД2).
Останатите парламентарни групи оценија дека Бугарија и Романија ги исполнуваат условите идека Советот на ЕУ треба да донесе одлука тие да се присоединат кон Шенген зоната.
Хрватска исто така треба да стане членка на Шенген, веднаш штом ќе биде подготвена за тоа.
Денешната дебата во Европскиот парламент за ова прашање беше иницирана од групат ана Социјалистите и демократите (СД). Според претседателот на парламентарната група на СД, Џовани Питела приемот Бугарија и Романија во Шенген зоната „е во интерес на Европа и нејзината безбедност“.