По одлуката на Доналд Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел, Ердоган денеска изјави дека САД повеќе не може да бидат посредници во решавањето на израелско-палестинскиот конфликт.
– Отсега понатаму не може пристрасните САД да посредуваат меѓу Израел и Палестина, тој период заврши, нагласи Ердоган по самитот на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ).
Според него тие треба да одлучат кој ќе биде посредник во иднина, како и дека Обединетите нации треба да се занимаваат со тоа прашање.
– Вистинскиот сопственик на таа земја е Палестина. Трамп сака се тоа да биде Израел. Тое е производ на евангелистички и ционистички менталитет, нагласи турскиот претседател.