ВИДЕО: Остана уште една седница за предлог-законот за јазиците, отворени 89 амандмани

Од:

Осумдесет и девет амандмани чекаат за расправа, а остана само уште една седница на Комисијата за европски прашања на која се разгледува предлог-законот за употреба на јазиците. Денешната седница заврши со бојкот од страна на Беса, половина час од почетокот, за време на расправата за првиот амандман.

Во врска со бојкотот, претседстелот на Комисијата за европски прашања и пратеник од редовите на ДУИ, Артан Груби, изјави дека тој како претседател работел согласно со деловникот, а пратениците на Беса морале да почекаат бидејќи имало реплики.

„Бојкотот настана поради елементарно непознавање. Мораше прво да поминат репликите, а потоа да се продолжи со дебатата. Нема услови за одвивање на седницата по нормален тек“, оцени Груби.

Последната седница за дебатата за јазиците е закажана за 25 декември. Со тоа Груби рече дека ѝ се дава можност на опозицијата да учествува и да даде глас за законот бидејќи се потписници на Рамковниот договор.

Претходно пратеникот од Беса, Фадил Зендели, обвини дека им било оневозможено да го обраложат амандманот, а Груби манипулирал со цел да не се остави простор за дебата. Истакна дела ќе го поддржат законот за јазиците, иако истиот не го нуди она што го барале Албанците, со тоа мислејќи на официјалзирање, а не само на унапредување на албанскиот јазик.

На првиот ден од седницата на Комисијата за европски прашања беше усвоен дневниот ред за да се дебатира за 90 амандмани поднесени за законот, а потоа беше прекината поради отсуство на претставници од Владата. Со заокружување на третата седница на комисијата, предлог-законот оди на пленарна седница.

К.Ландов

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година