Претставниците на демократската опозиција во Венецуела денеска ја добија наградата „Сахаров“ за слобода на мислата, која ја доделува Европскиот парламент.
На церемонијата во ЕП во Стразбур присуствуваа Хулио Борхес, Антонио Ледесма и членови на семејствата на политички затвореници.
Наградата беше доделена на 26 октомври од страна на претседателот на ЕП Антонио Тајани и шефовите на политичките групи, а врачена денеска.
Добитници на наградата се Националното собрание на Венецуела, претставено од неговиот претседател Хулио Борхес, политички затвореници, претставени од Леополд Лопез, Антонио Ледесма, Даниел Себајос, Јон Гојкоечеа, Лорент Сале, Алфредо Рамос и Андреа Гонзалес.