Аднан Биљали од ДПА избран за претседател на Советот на Општина Тетово

Од:

Аднан Биљали од ДПА е избран за претседател на Советот на Општина Тетово на денешното продолжение на конститутивната седница од 16 ноември.

Неговата кандидатура ја подржаа 15 советници, од ДУИ, ДПА, СДСМ и ДПТ, додека против беа девет – од Беса и Алијанса за Албанците.

Советниците од ВМРО ДПМНЕ, пак, ја напуштија седница во знак на револт, како што рекоа, поради притворањето 37 лица за насилството во Собранието на 27 април.

Советот на Општина Тетово брои 31 советник, а од овој состав на 30 им се верификувани мандатите. Еден советник е без мандат зашто се уште не присуствувал на седница.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски