Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ повторно не се појавија на седницата на Комисијата за европски прашања, на којашто се разгледува предлог-законот за употреба за јазиците.
На денешната седница присуствуваше Министерот за правда, Билент Салиу, откако минатиот пат поради негово остуство седницата беше одложена.
Првиот претрес на амандманите е за насловот на законот, кој наместо „Предлог закон за употреба на јазиците” бараат да се гласи „Предлог закон за употреба на албанскиот јазик”. Министерот за правда не го прифати овој амандман.
Весел Мемеди од Национална демократска партија (РДК) во врска со промена на името на предлог законот рече дека албанските лидери биле премногу воздржани во минатите 25 години за ова прашање. Според него, она што БЕСА го бара со амандманот е лажен патриотизам.
„Оваа воздржаност треба идентично да се третира од страна на албанците, но и македонските партии. Ова трпение постои поради две причини, а се однесува на тоа што бил потребен подолг временски период каде требало сите да се преиспитаат за унапредување на албанскиот јазик. Втората причина што албанските партии биле воздржани е поради тешката состојба во Албанија и Косово. Тие имаат најголем допринос за статусот на Албанците во Македонија. Ова трпение се заокружува со овој предлог-закон“, рече Мемеди.
Мемеди потенцираше дека со предлог законот не е загрозен уставниот поредок ниту пак, македонскиот јазик. Според тоа што тој го кажа, лажниот патриотизам кој го имало во изминатите 25 години бил причина за денешната состојба во Македонија.
Комисијата треба да одлучува за амандманите кои во најголем дел се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Предложени се вкупно 90 амандмани.
К.Ландов