По сеалбанскиот буквар, Албанија и Косово ќе имаат заеднички учебници по историја и за албански јазик и литература, јави дописникот на МИА од Тирана.
Според албанскиот министер за образование и наука, Муќерем Тафај, за таа цел веќе се формирани посебни експертски комисии.
– Ќе почнеме со текстовите за албански јазик и историја, наш главен партнер останува Министертвото за образование, наука и технологија на Косово. Во комисиите ќе бидат поканети да учествуваат претставници и од Универзитетот во Тетово, од Националниот совет на Албанците од Црна Гора и Прешевската Долина, изјави Тафај.
Од минатата учебна година првачињата во Албанија и во Косово учат од идентичен буквар.