Дискусија „Омбудсманот – меѓу граѓаните и институциите“ во Куманово

Од:

НВО Инфоцентарот и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, на 14 декември, четврток, со почеток во 11 часот, салата на поранешниот Комитет во Куманово, ќе организираат презентација со дискусија „Омбудсманот – меѓу граѓаните и институциите“

На овој настан ќе биде презентирани наодите од мониторингот на работата на Народниот правобранител и од фокус-групите организирани со новинари и граѓански активисти од Струмица, Штип, Битола, Тетово и Скопје.

Говорници ќе бидат: Насер Весели, заменик – народен правобранител во Регионалната канцеларија во Куманово , Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Билјана Бејкова, извршна директорка на НВО Инфоцентар и Гордана Дувњак, новинарка.

Во рамки на презентацијата ќе има и дискусија за тоа: Дали и како Омбудсманот ги штити граѓаните и нивните права пред државните институции?; Дали граѓаните го препознаваат Омбудсманот како свој заштитник?; Дали државните институции постапуваат според укажувањата на Омбудсманот?; Дали Омбудсманот има репутација на силна, авторитетна и независна институција во јавноста?

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он