Во заостанатиот натпревар од 12 прволигашко коло Вардар попладнево е домаќин на Работнички Никола Глигоров посакува реванш за поразот на првит меѓусебен дуел кога Работнички славеше со 3:1.
– Ова ни е последен натпревар во првенството оваа година, и низ него прво сакаме да ја намалиме бодовната разлика во однос на нашиот ривал за првата позиција на табелата, а второ сакаме на некој начин да му вратиме на Работнички за поразот во првиот натпревар сезонава. Со Работнички ќе биде тежок натпревар, очекувам добра игра на Вардар и на крајот освојување на три бода, изјави Глигоров за клупскиот сајт на „црвено-црните“.
Дуелот ќе се игра на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје со почеток во 13 часот.