Железничкиот товарен и патнички сообраќај втор ден е во целосен прекин поради протестот на вработени во МЖ ад Транаспорт кои бараат исплата на вториот дел од платата за октомври.
Душко Чакаровски, машиновозач во МЖ Транспорт ад Скопје, изјави дека нема да почнат со исполнување на работните обврски се додека не им се исполни поставеното барање.