Балетот на Македонската опера и балет, ја доби престижната награда „Златна Оревокршачка“ 2017 (“Lo Schiaccianoci d’Oro” 2017) на меѓународниот фестивал за танц, што се одржа на 11 декември во театарот Квирино, Рим (Италија).
Наградата ја додели балетската легенда Карла Фрачи (Италија).
На Гала вечерта, настапија балетските првенци на МОБ: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили.