Бонева и Срцев поднесоа оставки од ДИК

Од:

Членовите во ДИК од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и Сашо Срцев и официјално поднесоа оставки од функцијата во Државната изборна комисија.

Од деветчлената комисија, покрај Субхи Јакупи, Бонева и Срцев, оставки од фунцкиите во ДИК поднесоа и членовите Реџеп Прекопуца и Атанас Урумов. Нивните оставки веќе биле предадени во Собранието на РМ, каде според законските процедури треба да бидат верифицирани.Останува неизвесно дали и Асани Салија од Беса ќе поднесе оставка.

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски беше прв во низата што поднесе оставка. Ваквите одлуки на членовите на комисијата доаѓаат по притисокот од јавноста за поделените бонуси донесени со интерна одлука.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

Чејни: Ќе гласам за Харис, а не за републиканецот Доналд Трамп

Горан Наумовски

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино