Одбиени жалбите за притворот на пратениците Димовски и Василевски

Од:

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 одлучи да ги одбие жалбите на пратениците Љупчо Димовски и Сашо Василевски за отфрлање на мерката притвор, односно домашен притвор.

– Постапувајќи по жалби изјавени против решенија на судија на претходна постапка за определување мерка притвор против за С.В. и мерка куќен притвор за Љ.Д., опфатени со предлогот на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, а поврзано со настаните од 27 април во Собранието на РМ, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 по одржана седница, донесе решение со кое ги одби жалбите и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка, соопшти попладнево Кривичниот суд.

Димовски и Василевски беа приведени во врска со настаните во Собранието на РМ на 27 април годинава. Василевски е во притвор во Шутка, а Димовски во куќен притвор, откако Собранието им го одзеде имунитетот.

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски