Хилари Клинтон: Ќе забавам малку, но не се повлекувам

Од:

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон, која пред два дена се врати на работните обврски по еден месец отсуство поради болест, денеска изјави дека извесен период ќе го забави темпото на работа, но тоа не го нарече повлекување.

Клинтон првпат појавувајќи се пред камерите изјави дека „сите и недостасувале“. Запрашана за нејзините планови откако за неколку недели ќе ја предаде функцијата на сенаторот од Масачусетс, Џон Кери, наведе дека некое време „ќе се симне од многу брзата лента“.

Таа истакна дека во моментот е фокусирана на предавање на должноста на Кери, кој е предложен од претседателот Барак Обама, а Сенатот треба да го потврди неговото именување.

– Тоа, очигледно, се слатко-горчливи подготовки, бидејќи стекнав исклучително искуство и работев со прекрасен тим, истакна 65-годишната Клинтон.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас