Форум насловен „Преку интернационализација на стопанството до поголем економски раст” се одржува денеска во Кавадарци.
Јадранка Аризанковска од Стопанска комора на Македонија рече дека станува збор за исклучително значајна тема за јакнење и зголемување на конкурентноста на македонската економија.
Појасни дека со поддршка од УСАИД, форумот е дел од проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива”, во кој покрај Епицентар интернационал како координатор, клучни партнери се четирите најзначајни стопански комори.
Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на Северозападна Македонија, МАСИТ и Сојузот на стопански комори на Македонија.