Општина Штип: Се решава проблемот со прекумерната бројност на бездомните кучиња

Од:

Претставници на Општина Штип стапија во контакт со претставници на Здружението за заштита на животните „Живот“ со цел решавање на проблемот со прекумерна бројност на бездомните кучиња. Во моментов, во соработка со ЈП „Стипион“ и ЈП „Исар“ се разгледуваат можности за привремено решение како привремен стационар, којшто би можел да се наоѓа кај локацијата Новакова Чешма.

Во наредниот период градоначалникот на Општина Штип ќе преземе активности во насока на целосно и долготрајно решавање на проблемот со кучињата скитници, што го презеде како обврска со склучувањето на меморандумот за соработка со претставници на граѓанските организации, ФЕС со „Обврска сега! за денот потоа.“

Општина Штип во 2018 година во рамките на своите програми планира изработка на планска документација за изградба на прифатилиште за бездомни кучиња.

Реализацијата на планираните активности општинските служби ќе ја остваруваат преку активна соработка со локалните здруженија за заштита на животните, како и нивно вклучување во управувањето и работењето на стационарите, со што се гарантира хуманост кон животните, максимална транспарентност и доследност во спроведување на програмите, се вели во соопштението на Општина Штип.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена