На вештакот не му бил дозволен увид во „Трансмет“

Од:

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот „Труст“, во кој првообвинет е бизнисменот и сопственик на телевизијата „Нова“, Сеад Кочан, а обвинети се и Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ. Предметот е во фаза на доказна постапка.

Денеска исказ дадоа вештаци кои ги изготвиле вештачењата по барање на СЈО. Вештакот од областа на машинството изјави дека со писмен поднесок побарал да направи увид во постројките во „Трансмет“, но не му дозволиле. Затоа вештакот го известил СЈО дека вештачењето ќе биде извршено без увид, туку само преку документацијата.

Адвокатите на одбраната го прашаа вештакот дали има направено вештачења од геолошка и рударска област. Тој потврди дека досега нема, но рече дека е специјализиран за сообраќајно и машинско вештачење, односно наредбата од СЈО била за вештачење на механизацијата, а не на суровини.

Според СЈО, обвинетите во овој случај со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра. Предметот е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста, кои треба да бидат репродуцирани во судницата.

В.Маглешов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Антикорупциска: Како знае ОЈО дека Иницијативата е беспредметна кога уште не е доставена

Катерина Ѓуровски

Обвинителството и се налути на Антикорупциска заради „Труст“: Иницијативата е беспредметна и непотребна

Катерина Ѓуровски

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Ајро и Бубевски: Сите наводи во кривичната пријава од Државното правобранителство за предметот „Труст“ ги отфрламе како невистинити

А1он