Заев и еколошките здруженија разговараa за 16 „жешки точки“ кои ја загрозуваат животната средина

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, придружуван од заменик министерот за животна средина Јани Макрадули и од својот советнички тим, синоќа оствари средба со претставници од граѓанската иницијатива „О2 коалиција за чист воздух“ и со други еколошки граѓански организации, активисти и поединци.

На средбата, премиерот, коалицијата, граѓанските здруженија и активистите детално разговараа за сите 16 „жешки точки“ кои ја загрозуваат животната средина во Република Македонија и за мерките за решенија кои се преземаат и предлагаат како што се: гасификацијата, десулфуризацијата, субвенциите за фотоволтаици, енергетските фасади, планското пошумување, интензивното зголемување на зелените површини во урбаните средини, зголемувањето на буџетот за Инспекторатот за животна средина, пречистителните станици, заштитата на Охридското езеро и подрачје од неконтролиран развој на туризмот, изградбата на ветерници, мерните станици, решавањето на проблемот со депониите и друго.

Двете страни се согласија дека буџетот нема да биде цел на краен договор, и доколку е неопходно, во моментот кога ќе бидат дефинирани нови и соодветни квалитетни решенија, Владата е подготвена да направи релокација на средства или ребаланс на Буџет во интерес на заштита на животната средина, со цел да не постои пречка за реализација на квалитетни еколошки мерки.

Во делот на рудниците, заеднички е констатирано дека здравјето на граѓаните останува да биде врвен приоритет и дека во овој момент се работи на изнаоѓање правно-формални аргументи и механизми за решавање на проблемот со што ќе се заштити животната средина и во исто време ќе се обезбеди интересот на државата.

На средбата беше констатирано дека наследената состојба и досегашната негрижа за животната средина оди на директна штета на здравјето на граѓаните.

Премиерот Заев посебно истакна дека гласот на граѓаните допре до институциите и дека граѓанскиот притисок мора да остане силен и да ја насочува Владата и сите надлежни институции кон изнаоѓање решeнија за заканите по животната средина.

Би можело да ве интересира

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Влада: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите

Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски

Владата планира капитацијата за матичните лекари да се движи помеѓу 20 и 30 отсто