Конференција на тема „Зајакнување на општинските совети: Нов почеток на локалната демократија“ ќе се одржи денеска и утре во Струга. На конференцијата ќе присуствуваат претседателите на 81 општински совет.
Најавено е дека ќе се обратат швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Тејада и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Луиза Винтон.
Конференцијата се организира во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“, кој го спроведува УНДП, а е финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка. Целта на проектот е да се зајакнат општинските совети како поефективни и поавтономни тела, способни да ги исполнуваат нивните уставно дадени улоги на законодавно тело, надзор и застапување.