Специјалниот претставник на ОН за спорот со името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, денеска во Брисел ќе има средба со преставниците на двете земји Васко Наумовски и Адемантиос Василакис, за надминување на разликите околу името.
Нимиц, денеска во Брисел ќе одржи прес-конференција по средбите со преставниците на двете земји, во 12:15 часот во зградата на Регионалниот инфо центар за Западна Европа на ОН (UNRIC), соопшти МНР.
Средбата, како што претходно најави канцеларијата на Нимиц, е дел од напорите на ОН да им се помогне на двете страни да најдат заеднички прифатливо решение за прашањето на името.