Заев: Тероризмот не познава религии, иднината е во регионална заедничка стратегија за борба против насилните закани

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска прими делегација на Националниот комитет за спречување на насилниот екстремизам и борба против тероризмот предводена од Националниот координатор Борче Петревски, кој беше придружуван од замениците Џеладин Ајвази и Златко Апостоловски.

„Концептот на едно општество за сите, испраќа порака дека се почитуваат сите религии и етнички заедници и како Влада поддржуваме регионален пристап и координација во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам, нагласи премиерот Заев на состанокот, со членовите на Комитетот кој е формиран како важна одредба од Планот 3-6-9 за зајакнување на институционалната структура за борба со овие безбедносни предизвици.

На средбата беше оценета важноста на заложбите за донесувањето и имплементирањето на двете Национални стратегии, за борба против тероризмот и за сузбивање на радикализација и насилен екстремизам, со пропратни акциски планови, кои имаат за цел да развијат ефикасни и функционални механизми за справување со актуелните закани и ризици.

Премиерот Зоран Заев истакна дека радикализацијата и насилниот екстремизам кои водат кон тероризам, се врвни безбедносни приоритети на Македонија, оценувајќи дека е многу важна соработката со земјите во регионот.

„Превенцијата и сузбивањето на облиците на овие закани подразбира координирана акција и заедничка стратегија со стратешките партнери на Република Македонија, САД, земјите на ЕУ, како и нашите соседи, рече Заев.

Членовите на Комитетот го запознаа премиерот Заев со тековните и планираните активности со цел да се подигне свеста кај граѓаните на Република Македонија за имплементирање на пораката за поефикасно справување и превенција од насилниот екстремизам и тероризам.

Истовремено беше укажана потребата од вклучување и координација на одредени институции и локалната самоуправа со цел истата порака да биде пренесена до поголем број чинители во општеството.
На средбата меѓу премиерот Заев и претставниците на Националниот комитет за спречување на насилниот екстремизам и борба против тероризмот беше разговарано и за Меморандум за соработка на ова поле со Албанија, кој ќе биде потпишан на претстојната заедничка седница на Владите на Македонија и Албанија, која ќе се одржи на 15 декември во Подградец.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Тинејџер уапсен поради планирање терористички напад врз црква во Русија

Автобус се заби во станица во Стокхолм, има мртви

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев