Аеродромот во Брисел Завентем денеска е затворен поради обилни врнежи од снег. Засега нема ниту полетувања ниту слетувања, соопштија аеродромските власти.
Се очекува летовите да продолжат по чистењето на пистите и пероните.
Од вчера во Белгија паѓа силен снег поради што доцнеа многу летови. Утринава полетувањето на многу авиони беше одложено, а слетувањата беа пренасочени на други аеродроми.