(ВИДЕО) Бошкоски од Прилеп: Мора да се врати критичката мисла која беше гушена една деценија

Од:

Ние се бунтувавме први да не дојде во Македонија до она што дојде. Македонија цела една деценија живееше во едноумие. Никој не смееше да се зборува поинаку од мнението на еден човек, рече Љубе Бошкоски на отворањето на новиот штаб на Обединети за Македонија во Прилеп.

Човек кој за жал пиеше од извор,наречен ВМРО-ДПМНЕ, кој го префрли во неговиот дворец и неговата мафијашка дружба. Од таму злоупотребувајќи ги светите букви на ВМРО го исцрпуваа македонското богатство и ја доведоа партијата до ниво до кое стигна денес.

Ние сакаме да помогнеме во овие моменти, но мора да се врати критичката свест. Во овој период критичката мисла од новинарите, интелектуалците беше осудувана. Се робуваше за поинакво мислење и некој сега ќе каже дека сепак тие оставиле нешто. И навистина оставија, работи со кои никој не може да биде горд- ниту на културен план, ниту на економски план, ниту на планот на обединувањето и единството за кое се залагаше ВМРО-ДПМНЕ кога ја формиравме.

Не можат да се пофалат со ништо, го извршија најголемиот егзодус на македонските граѓани, поголем од тој во 40-те и 50-те години од Егејска Македонија, рече Бошкоски.

Лидерот на ОМ во Прилеп имаше и средби со граѓаните.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски