Откако Брисел ја осуди одлуката на американскиот претседател Донадл Трамп за признавање на Ерусалим како главен град на Израел, чешкиот претседател Милош Земан ја критикуваше Европската унија, обвинувајќи ја за кукавичлук.
– Во Европската унија по се изгледа преовлада пропалестинската терористичка струја над произраелската. Како доказ за ова ве потсетувам дека Европскиот парламент неодамна дозволи обраќање на осудена палестинска терористика, која тврдеше дека борбата за палестинската автономија е идентична со онаа на Евреите во Аушвиц, изјави Земан, алудирајќи на членката на Палестинскиот национален совет, Лејла Калед, која во 1969 година учествувала во киднапирање на авион.
Претседателот на Чешка ја поздрави одлуката на Трамп и побара неговата земја да го следи примерот на САД, потсетувајќи дека тој уште во 2013 година предложил чешката амбасада да биде преселена од Тел Авив во Ерусалим.
Чешкиот премиер се спротивстави на ваквиот предлог изјавувајќи дека одлуката на Трамп не е добра, што може да се види по реакциите кои што ги предизвика.