Откако последниот вечерен воз во Токио се повлекува од сообраќајот, на сцена стапува посебен автобус кој „ги собира“ сите оние кои претерале со алкохолот, ја промашиле својата станица или „се заборавиле“ на патот до дома.
Автобусот „за спас“ има најмногу работа при крајот на годината, кога компаниите организираат предновогодишни прослави.
Билетот за „специјалниот“ превоз чини околу 6,5 евра, а сообраќа до делот од градот каде има преноќувалишта.