Нови документи на веб страната на Министерство за здравство, за поголема транспарентност и отчетност

Од:

На веб страницата на Министерството за здравство за првпат се објавени и достапни повеќе документи и информации од јавен карактер, со цел унапредување на транспарентноста и отчетноста, а согласно одлуката на 34. седница на Владата со која институциите се задолжуваат јавно, преку официјалните веб страници да објават документи од делокругот на работа.

Објавените документи се достапни на официјалната веб страница на Министерството за здравство, www.zdravstvo.gov.mk, во категоријата ПРЕС – листа на информации од јавен карактер, на следниот линк http://zdravstvo.gov.mk/lista-na-informacii-od-javen-karakter/  .

Меѓу документите достапни се: буџетот на Министерството за тековната и претходните години, ревизорски извештаи, годишни планови за јавни набавки, правилници за систематизација на работните места и правилници за организација, закони и подзаконски акти во надлежност на Министерството, органограм за внатрешната организација, листа на вработени со службени телефони и e-mail адреси и други информации од јавен карактер.

Исто така, на веб страницата е достапен и календар на настани организирани од Министерството за здравство и јавните здравствени установи, кој тековно се ажурира.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните