Многу вкусни куфлички подготвени со свинска маст …
Потребно е:
800-1000 гр брашно
500 гр свинска маст
1 коцка свеж квасец
400 мл млеко
1 јајце, за премачкување
сол, шеќер
џем, за филување (најубаво од кајсии)
Подготовка:
– Ставете го квасецот малку млако млеко со 1 лажиче шеќер и оставете го на топло да стаса.
– Во еден подлабок сад ставете го брашното и додадете го стасаниот квасец. Додадете прстофат сол и 2-3 лажици шеќер.
– Додадете го преостанатото млеко и замесете меко тесто. Тестото покријте го со пластична фолија и оставете го околу 1 час на топло место за да нарасне.
– Стасаното тесто ставете го на набрашнета работна површина и со сукало развлечете го со дебелина 1-1,5 см.
– Свинската маст со прсти иситнете ја и убаво намачкајте ја едната половина од тестото. Преклопете го тестото со прсти притиснете го за да се залепи. Уште еднаш преклопете го и повторно со прсти притиснете го по целата површина. Оставете го малку да отстои.
– Ставете го на набрашнета работна површина и повторно раширете го со сукало да биде тенко.
– Со остар нож исечете го на квадратчиња.
– На секое квадратче ставете џем, преклопете го залепете го со прсти. Премачкајте ги со разматено јајце.
– Наредете ги во тава обложена со хартија за печење и ставете да се печат во загреана рерна на 180-200 целзиусови степени околу 15-20 минути.