Уживајте со ова јадење со чаша добро вино …
Потребно е:
500 гр њоки
3 лажици маслиново масло
1 главица кромид
1 чешне лук
500 гр печурки по избор
100 мл црвено вино
300 мл вода или бистра супа
2 лажици путер
сок од 1/2 лимон
маслиново масло
сол, бибер
свежи листови мајчина душичка (ила ако немате може и сув зачин)
за сервирање:
пармезан
Подготовка:
– Сварете ги њоките според упатството на пакувањето.
– Во подлабока тава на маслиново масло пропржете го ситно исецканиот кромид. Кога ќе омекне додадете го изгмечениот лук и кратко пропржете за да замириса.
– Печурките измијте ги убаво, исецкајте ги и додадете ги во тавата. Пржете ги 10-15 минути додека да испари целата течност што ќе ја пуштат.
– Додадете ги виното и водата (или супата) и оставете да се вари 5-10 минути или додека не испари течноста до пола.
– Сега додадете ги путерот, сокот од лимон и зачините.
– Ренданиот пармезан може да го додадете директно во сосот или пак на крај кога ќе го сервирате јадењето.
– Исцедете ги сварените њоки и додадете ги во тавата и убаво измешајте.