Чорба од спанаќ со горгонзола сирење

Од:

Одвоите малку време и подгответе го овој здрав оброк …

Потребно е:
500 гр спанаќ
1 главица кромид
1-2 чешниња лук
2 компири
150 мл павлака за готвење
вода или бистра зеленчукова супа
маслиново масло
сол, бибер
100 гр горгонзола сирење
свеж босилек

Подготовка:
– Убаво измијте го спанаќот. Излупете ги компирите и исецкајте ги на коцки. Кромидот и лукот ситно исецкајте ги.

– Во сад на рингла на маслиново масло пропржете го кромидот. Пред крај додадете го ситно сецканиот лук и пржете 1-2 минути.

– На крај додадете ги компирите и сипете вода или бистра зеленчукова супа и варете додека да омекнат компирите. Додадете сол и бибер по вкус.

– Додадете ги исецканите листови спанаќ и варете многу кратко, 1-2 минути.

– Со блендер изблендирајте ја целата содржина во садот и потоа додадете ја павлаката за готвење. Ако е потребно додадете уште малку вода или супа. Проверете го вкусот и зачинете по потреба.

– Послужете ја чорбата со исецкани парчиња горгонзола и свежи листови босилек. По желба може да го додадете горгонзола сирењето кога и павлаката. за да се растопи.

– Оваа чорба може да се јаде топла или ладна, а може да ја сервирате со коцки препечен леб.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска