Врачување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2017 година

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска во 13 часот ќе биде врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2017 година.

Во областа на воспитанието и образованието наградата ја добиваат професорот и писател Венко Андоновски и историчарот Наим Алими.

Во областа на културата и уметноста наградата годинава им се доделува на музичкиот уметник Гарабет Тавитјан, писателот Јордан Плевнеш и на филмологот Илинденка Петрушева.

Одлуката ја донесе Организацискиот одбор за државната награда „Св. Климент Охридски“ под претседателство на академик Владо Камбовски.

„Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Тошковски ќе го награди полицаецот Беким Исмани кој спречи девојка да скокне и да си го одземе животот

За украдено плишано мече сопственикот нуди награда од 5.000 евра

А1он

Награда во Еквадор за „Јон Вардар против Галаксијата“

Отворен е конкурсот за наградата за најдобар предов „Драги“ 2

Рабије Мурати и Антонио Митриќески добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“

Доделена државната награда „22 Ноември“

A1on