Дамјановски: Ѓаволски е тешко да се води опозициска општина во државава

Од:

„Мината година беше година на голем предизвик, со големи политички турбуленции на македонската политичка сцена. Сите случувања на релација позиција и опозиција не го заобиколиja ни нашиот град. Во еден таков амбиент, ѓаволски е тешко да се води опозициска општина во државата. Особено кога целата законска регулатива е така поставена општините да се директно зависни од оние министерства кои имаат најголемо влијание на развојот на општината. Затоа, она што го сработивме во мината година е еден гигантски потег и имаме успешна инвестициска година. Изградивме две спортски сали, го градиме затворениот базен со аквапаркот и реализиравме над 40 помали проекти. Од лани ми се значајни и успесите во спортот и културата, а особено реализацијата на социјалната програма за најзагрозените семејства во општината“, вели градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски во интервју за сајтот kumanovonews.com.

„Целата законска регулатива е така поставена и општините се директно зависни од оние министерства кои имаат најголемо влијание на развојот на општината. Затоа, она што го сработивме минатата година е еден гигантски потег и имаме успешна инвестициска година“, вели Дамјановски.

Фото: Кумановоњус

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра