Црквата да усвои подобар превод на фразата „не воведувај не во искушение“ од најпознатата христијанска молитва „Оче наш“, побара папата Франциско.
– Тоа не е добар превод, изјави папата во телевизиско интервју, додавајќи дека не е Бог тој кој што луѓето ги доведува во искушение.
Папата Франциско укажа дека Римокатоличката црква во Франција ја изменила фразата во молитвата и сега гласи „не дозволувај да паднеме во искушение“ и потенцираше дека тоа треба да се примени и во другите места.