А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е единствената држава во Европа каде што пратеници се притвораат без причина

by А1он07/12/2017 - 09:2307/12/2017 - 10:4678
Share0

„Македонија е единствената држава во Европа во која што народни избраници од опозицијата се притвораат без причина.

Следете a1on на Instagram Instagram

Македонија е единствената држава во Европа во која што се притвораат уметници, оперски пејачи, режисери, актери и активисти со измислени обвиненија.

Македонија е единствената држава во Европа во која што се притвораат полициски професионалци и лажно се обвинуваат за тероризам.

Не постои ниту еден доказ за обвинението за тероризам кое што сака да го конструира власта на Заев против Дурловски, Чавков, Јовановски, Дамовски, Илиевски и останатите. Постои само желба за политичка одмазда од страна на хунтата против сите кои имаа храброст јавно да се спротистават на антидржавните политики.

Следете a1on на Youtube YouTube

Отткако хунтата на СДС е на власт, Република Македонија не е демократска држава. СДС ја погреба демократијата.
Република Македонија сега е единствена земја каде што се притвораат пратеници и невини граѓани во судски монтирани случаи.

Секој граѓанин на Република Македонија кој ќе каже не и ќе се спротистави на оваа власт завршува во затвор.
ВМРО-ДПМНЕ како партија на народот се спротиставува на оваа неправда која се случува во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува меѓународните организации да реагираат на уништувањето на демократијата во Република Македонија.

Притворите за пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ се целосно неосновани, исто како што е неосновано обвинението за тероризам кое им се става на товар, ним и на лицата поврзани со настаните од 27-ми април. Случајот кој се води против 36-мината недолжни граѓани е чист политички прогон, кој не се заснова на правото и законите, туку на заканите и потребите на хунтата.

ВМРО-ДПМНЕ поради оваа неправда која се случува останува на улиците се додека хунтата ги гази законите и се изживува со граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе ги блокира следните крстосници во период од 15 – 17 часот:
– Крстосницата кај „Мавровка“;
– Крстосницата помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош;
– Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.

Воедно ВМРО-ДПМНЕ ќе организира протест и пред Основниот суд Скопје 1 – Скопје денес во 18 часот, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Катерина Ѓуровски29/06/2026 - 11:51

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Катерина Ѓуровски22/06/2026 - 11:45

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски22/06/2026 - 09:30

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Катерина Ѓуровски27/05/2026 - 12:50

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски25/05/2026 - 12:5925/05/2026 - 12:59

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Катерина Ѓуровски21/05/2026 - 12:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто