Научен собир на тема „Предание и мисија“ ќе се одржи денеска на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Собирот ќе се одржи по повод јубилеите – 40 години од основањето на Факултетот и 50 години од возобновувањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
На собирот ќе учествуваат 16 македонски истражувачи од областа на теологијата, философијата, историјата и правото и ќе ги изложат своите реферати.