Димитров на Министерски совет на ОБСЕ во Виена

Од:

Делегација предводена од министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, ќе учествува на 24. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кој ќе се одржи денеска и утре во Виена, Република Австрија.

Како што соопшти МНР, шефот на дипломатијата Димитров ќе има свое обраќање на Министерскиот совет на кој ќе ги претстави ставовите на Република Македонија.

Министрите за надворешни работи на Министерскиот совет ќе разменат мислења за активностите на Организацијата во изминатиот едногодишен период во рамки на австриското претседавање со ОБСЕ. Се очекува да бидат усвоени и поголем број одлуки кои се во доменот на надлежностите на ОБСЕ, односно кои се однесуваат на неговите три димензии: политичко – воената, економско – еколошката и хуманата димензија.

На маргините на министерскиот совет министерот Димитров ќе оствари и повеќе билатерални средби, наведуваат од МНР.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски