155 разводи во 2012 година во Куманово

Од:

Kумановскиот Центар за социјални работи во изминатата 2012 година бележи 155 бракоразводи.
Како што појаснуваат од Центарот, најчесто сопружниците се разведуваат поради повеќе причини кои со години се наталожувале во заедницата, а најчести се нетолеранција, прељуба, финансии, како и печалбарството што доведува до оттуѓување меѓу сопружниците.

– Најчесто сопружниците поради недостиг на финансиски средства претходно не се одлучувале за прекин на заедницата, но сегашната финансиска моќ им овозможува самостоен живот, вели Сузана Митровска од одделението за брак и семејство од Центарот за социјални работи.

Таа посочува дека најкритични во бракот се првите три години кога двајцата сопружници се прилагодуваат. Во овој период, подвлекува, разводите не ретко се случуваат и поради мешање на трето лице, а станува збор за припадници на семејствата на сопружниците.

Критичен период за кумановските сопружници се и средното доба, особено во периодот кога децата стигнуваат во фаза на пубертет. Според Митровска,во овој период и родителите се во специфична фаза од животот, што доведува до пореметување на брачните односи, а произлегува од нискиот степен на толеранција.

Во однос на периодот на помирување кој трае три месеци,со сопружниците работи стручен тим од Центарот за социјални работи. Според статистиката само 2 до 3 проценти од сопружниците се помируваат.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во Куманово, изгореа возила, камиони, автобус, приколка и минибус

Горан Наумовски

Уапсено 19-годишно момче кое носело пиштол, а со него била и малолетничка по која трагала полицијата

Во судар на три возила, повредени се двајца полицајци

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски ги осуди скандирањата и ксенофобните испади на неколкумина во салата во Куманово

Горан Наумовски

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово