ДИК демантира дека кратела од теренците за да си дели бонуси

Од:

„ДИК најостро ги демантира дезинформациите пласирани во јавноста дека наводно “кратела од теренците за себеси да си даде бонус“.

Државната изборна комисија со цел да ја зголеми одговорноста за точноста при внесот на податоците од страна на општинските изборни комисии, за овие избори одлучи наместо внесот на податоци да се врши исклучиво од лица од Државниот завод за статистика, општинските изборни комисии да определат лица кои беа обучени од страна на ДИК за внес на податоци.

Од тие причини е намален бројот на ангажираните лица од ДСЗ за внес на податоци на само едно лице по општинска изборна комисија. Наведените лица се ангажирани само на изборниот ден по 19 часот, односно по пристигнувањето на податоците од гласањето.

Државната изборна комисија за сите ангажирани лица од ДСЗ обезбеди авансни средства за транспорт и други трошоци, а на повеќе од 15 лица им беше платено и спиење.

Покрај платените патни и други трошоци, секое ангажирано лице од ДЗС доби надоместок од 2000 денари за ангажман не повеќе од 8 часа, идентичен надоместок како и претходните избори“ се вели во реакцијата на ДИК.

Би можело да ве интересира

ДИК ги објави конечните резултати за Скопе и 29 општини

Катерина Ѓуровски

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

ДИК ги објави конечните резултати за избор на советници во сите општини и Град Скопјe

Горан Наумовски