Иницијатива: Еден месец без алкохол

Од:

Фондот за борба против рак и стручниот центар ВАД за алкохол и дрога од Белгија започнаа иницијатива наречена „Tournée Minérale“, која ги повикува граѓаните да се откажат од алкохолот во текот на месец февруари.

Иницијативата е поддржана и од некои ресторани кои нудат различни безалкохолни коктели.

Според истражувањето на Универзитетот во Гент, лицата кои учествувале во кампањата минатиот февруари консумирале помалку алкохол од останатите месеци во годината. Засега во кампањата се пријавени околу 120 илјади луѓе, а тие изјавија дека минатата година дефинитивно пиеле помалку.

Луѓето кои секојдневно пиеле и вообичаено консумирале 10 или повеќе алкохолни пијалоци неделно, изјавиле дека по завршувањата пиеле помалку, по што бројот на пијалоци го намалиле на 8 неделно.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски